Пет младинки на Вардар на репрезентативниот список за квалификации за СП

Селекторот на женската младинска репрезентација на Македонија, Јулијана Дамчевска, го објави списокот на ракометарки за квалификациските натпревари за Светското младинско првенство во женска конкуренција до 20 години што ќе се игра летово во Унгарија.

На списокот има и пет ракометарки на Вардар: Јована Мицевска, Слободанка Кицеска, Милица Николиќ, Леонида Гичевска и Ивона Трпевска.

Квалификациската група за Светското Првенство ќе се игра во периодот од 23 до 25 март на Исланд, а во борба за првите две места во групата, кои водат на завршницата од Мундијалот во младинска конкуренција, Македонија ќе се натпреварува со Германија, Литванија и домаќинот Исланд.

* Список на повикани ракометарки - spisok_na_rakometarki_povikani_na_sobir_19032018.pdf

среда, 14 март 2018 - 16:40