Пет кадетки на Вардар на подготовките за ЕП

Пет ракометарки од кадетската екипа на Вардар се најдоа на списокот на в.д. селекторот на женската кадетска репрезентација на Македонија за претстојните подготовки за Б Европското Првенство што од 31 јули до 6 август ќе се одржи во Скопје.

Собирот е закажан за вторник, 30 мај а на списокот од Вардар се повикани:
Јована Мицевка
Анастасија Нелоска
Ивана Блажевска
Билјана Диневска
Ивона Трпевска

* Список на повикани ракометарки - spisok_na_zhenska_kadetska_reprezentacija_maj_2017.pdf

Натпреварите од Б Европското Првенство се играат во СЦ Кале, а во нашата група се уште и селекциите на Полска, Швајцарија, Грција и фарски Острови.

 

понеделник, 29 мај 2017 - 15:06