Пенезиќ повторно меѓу ѕвездите на колото од ЛШ

Хрватската ракометарка на македонскиот првак ЖРК Вардар повторно се најде меѓу трите ѕвезди во редовниот неделен избор на „ЕХФ ТВ", откако беа одиграни реванш четвртфиналињата во Лигата на шампионите, по кои вардарки втора година по ред ќе играат на фајнлфор-турнирот во Будимпешта.

Вардарки до Будимпешта стигнаа на најдобар можен начин, го детронизираа европскиот ракометен владетел Ѓер, откако ремизираа на саботното гостување, за да го потврдат пласманот по убедливиот триумф во Скопје пред една недела. Пенезиќ беше лидер на црвено-црните девојки, даде осум гола, и очекувано се најде меѓу трите ѕвезди во оваа рунда.
„Таа беше незапирлива од лев бек, му даде осум гола на европскиот првак Ѓер и го одведе Вардар до фајнлфорот", стои во објаснувањето за Пенезиќ, која во оваа година веќе двапати беше избрана за најдобра, за настапот во Љубљана против Крим и за дуелот со Динамо Синара во Скопје. Сана Солбек од Ларвик и Олга Акопјан од Динамо Синара се уште другите две ѕвезди во оваа рунда. Изборот на трите ѕвезди може да го погледнете тука.

Топ 3 ѕвезди 
1. Андреја Пенезиќ (Вардар)
2. Сана Солберг (Ларвик)
3. Олга Акопјан (Динамо)

Топ 5 голови 
1. Франциска Мицнер (Турингер)
2. Радмила Петровиќ (Будуќност)
3. Маја Сокач (Вардар)
4. Камила Ерем (Турингер)
5. Хајди Локе (Ѓер)

Топ 5 одбрани 
1. Барбара Аренхарт (Баја Маре)
2. Дина Екерле (Турингер)
3. Кари Гримсбо (Ѓер)
4. Клара Волтеринг (Будуќност)
5. Амандин Лејно (Вардар)

 

понеделник, 13 април 2015 - 10:42