Пенeзиќ избрана за играч на првото коло во главната фаза од ЛШ

Левиот бек на Вардар, Андреа Пенезиќ доби најмногу гласови од фановите во ЕХФ лигата на шампионите и го понесе признанието за најдобар играч во првото коло од групната фаза.

ЕХФ после секое коло номинира играчи што според своите перформанси се издвојуваат, а потоа фановите го избираат најдобриот играч.

Таа на дуелот против Будуќност во Подгорица постигна 8 гола и беше еден од предводниците на „црвено-црните" во првиот гостински триумф против поранешниот европски првак.

Пенезиќ од страна на ЕХФ беше ставена и во групата на трите звезди на колото, заедно со Стине Јоргенсен и Ана Грос.

Видео прилогот на ЕХФ за настапот на Пенезиќ во првото коло

 

 

сабота, 4 февруари 2017 - 16:02