Пенезиќ е најдобар стрелец во ЛШ сезонава

Левиот бек на Вардар, Андреа Пенезиќ ја освои наградата за најдобар стрелец во Лигата на шампионите сезонава, постигнувајќи вкупно 102 гола.

Првпат во женската Лига на шампионките се случува да има две ракометарки со ист број на постигнати голови, а овојпат друштво на Пенезиќ и прави Кристина Неагу од Будуќност, која исто така постигна 102 гола.
Во вчерашното финалето на ЛШ, Неагу застана на само три гола од девет обиди, а Пенезиќ, пак, постигна девет гола во малото финале против Динамо.

понеделник, 11 мај 2015 - 11:29