Пеналите го спречија Вардар јуниор да игра финале

Нашите ракометарки од Вардар јуниор беа блиску до пласман во финалето на Купот на Македонија , но дури по изведувањето на пенали беа елиминирани. Во полуфиналето ривал ни беше Металург, и на крајот од регуларниот дел на средбата беше 20-20, а потоа по изведувањето на седмерци тимот од Автокоманда славеше со 26-25

Анастасија Николовска го постигна голот за израмнување во последната минута од средбата со која Вардар израмни на 20-20. Потоа следуваше серија од по пет пенали што и двете екипи ги искористија. Во елиминациската серија Николовска не успеа да реализира со што Металург се пласираше во финалето.

Иако игравме со 12 ракометарки дадовме голем отпор, а на полувреме имавме и предност од 8-7. Потоа гостинските притиснаа и поведоиа со 15-11, но тоа не не обесхрабри и вардарки брзо се вратија во игра, израмнија на 16-16, а потоа до крај на средбата се играше гол за гол.

Во финалето утре од 13 часот во големата сала во СЦ „Јане Сандански" ќе играат Металург и победникот од дуелот Вардар - Пелистер.

сабота, 19 мај 2018 - 17:13