Пелистер даде отпор, но Вардар очекувано победи

Вардар му дозволи на домаќинот Пелистер само неколку минути од натпреварот да се понадева дека може да биде рамноправен ривал, а потоа „уфрли во трета брзина" и сѐ си дојде на свое место. Од Битола се вративме со бодови и двоциврена предност, победа од 39-23 (19-16).

Европскиот вицепрвак играше со десет ракометарки, и без повеќе првотимци. Дел до нив се на женското СП во Германија, а дел останаа во Скопје. Пред крајот на првото полувреме Вардар имаше водство 17-13, но дозволи домашните ракометарки да дојдат на само еден гол негатива, 16-17. Сепак заигравме како што сакавме и на полувреме имавме три гола предност, 19-16.
Мала неизвесност, имаше само уште неколку минути од почетокот на вториот дел. Во тој период Пелистер имаше уште во два наврати негатива од три гола, а потоа тргна вардаровата машинерија. Водството се зголемуваше, сѐ беше решено и се очекуваше само крајот на средбата.

Вардар останува лидер во женската лига со максимално 30 бода од 10 натпревари.

Пелистер - Вардар 23-39 (16-19)
ВАРДАР: Саздовска 2, Кузнецова 4, Лазовиќ 2, Мицевска, Керамичиева 9, Чанаџија 3, Суслина, Хмирова 7, Петровиќ 3, Ристовска 9.

 

недела, 3 декември 2017 - 22:02