Осум вардарки повикани на собир на репрезентацијата

Сезонава Вардар настапува со драстично подмладен тим, но и покрај тоа што играме со младинки, осум од нив се наоѓаат на списокот на селекторот на младинската репрезентација Јулијана Дамчевска за ЕХФ неделата. Собирот е закажан з апериодот од 24 до 30 септември во Скопје.

Од вкупно 20 повикани ракометарки, осум се од Вардар: Андреа Илиќ, Симона Грујовска, Милица Николиќ, Ана Марија Божиновска, Андреа Седлоска, Ивона Трпевска, Мими Петковска и Ивана Џатевска.

* Список на повикани ракометарки - spisok_na_povikni_rakometarki_mladinki_ehf_nedela_19092018.pdf

четврток, 20 септември 2018 - 14:37