Одличен почеток и крај за нови бодови

Вардар остана на третото место на табелата во женската лига откако победи на домашен терен 29-27 против Стружанка во 5. коло. Одличниот почеток и крај на средбата беа решавачки за освојување на боовите.

Одлично го почнавме натпреварот и поведовме со 5-1. разлика од 4-5 гола имавме се до резултатот 10-5. Тогаш почна нашата слаба игра, а гостинките од Струга тоа го искористија и намалија на 10-9. Во последните минути од првото полувреме влеговме во неизвесна завршница, па иако имавме предност од 12-9 сепак на одмор немаше тим што оствари предност, 12-12.

Неизвесност имаше се до резултат 19-18. Дотогаш Стружанка можеше да се држи. пак Вардар одигра одлично и повторно го презеде водството. По серија 5-1 и водството 24-19 веќе беше насно дека „црвено-црните" нема да дозволат изненадување.

Игравме добро, па иако на крај разликата беше само два гола во наша корист претходно ја завршивме работата за нема повторно неизвесност.

Во следното коло домаќини сме на Гевгелија.

Вардар - Стружанка 29-27 (12-12)

ВАРДАР: Трајковска, Гоцевска 2, Ѓеоргиевска 1, Божиновска, грујовска, Џатеска 2, Трпевска 6, Гроздановска 1, Костовиќ 2, Диневска, Миновска, Седлоска 6, Коларовска 3, Петковска 4, Дамјановска, Николиќ.

понеделник, 8 октомври 2018 - 11:23