Новата сезона почнува на 8 септември: Вардар домаќин на Куманово

Во новата сезона во женската ракометна лига Вардар во првото коло ќе биде домаќин на Куманово. Натпреварувачките броеви беа извлечени со ждрепка, а според договорот на екипите првенството ќе почне на 8 септември.

Во сезоната 2018/2019 година пријавени се девет екипи, а нови се тимовите на ЦЕМС и на Спартак, и двете од Скопје. Во однос на лани ги нема екипите на Вардар јуниор и Ѓорче Петров.

Сезонава новина е што наместо двокружен систем ќе има еднокружен систем. Ќе се играат 18 кола, а потоа ќе се игра плеј оф и плеј аут. Во плеј офот ќе играат првите пет екипи од регуларниот дел кои ќе се борат за титулата. Другите четири тимови ќе разигруваат за опстанок.

Двојки за првото коло:
Деспина - Овче Поле
Вардар - Куманово
Гевгелија - Спартак
ЦЕМС - Пелистер

 

петок, 22 јуни 2018 - 11:36