
Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Симе Симовски гообјави поширокиот список на повикани ракометарки за бараж дуелите за пласман на СП против селекцијата на Словенија.
Меѓу повиканите ракометарки се и нашите ракометарки Милица Николиќ и Ивана Џатеска.
На поширокиот список има 27 ракометарки, а во тимот одново се најдоа и голманката Наташа Антиќ и бекот Теодора Керамичиева.
Средбите против Словенија ќе бидат одиграни на 2 и на 6 јуни. Прво се игра во Скопје, а потоа реваншот е во Словенија.
Поширок список на ракометарки:
петок, 17 мај 2019 - 18:58