Нема рамен противник за младинките на Вардар јуниор

Уште една победа за младинките на Вардар јуниор на натпреварот против Кичево од петтото коло од младинската лига на РФМ, со 29-13 (18-6). Мечот се играше во СРЦ Кале, а уште во првите минути беше јасно дека противникот нема големи можности да извлече бодови на овој натпревар.

Девојките од Кичево се трудеа да одржат ниска разлика, откако уште во првите минути го превземамвме водството. Предноста постепено растеше, +3, +4, па +5 за 10-5, но потоа во само неколку минути веќе бевме на +8 за 13-5. Во следните минути до паузата, продолживме да напаѓаме прецизно и добро да блокираме во одбрана, та полувремето заврши со +12, односно, 18-6.

Противникот продолжи да се мачи со нашите вардарки и во следните 30 минути. Избраничките на Драгана Пецевска беа незапирливи. Вртоглаво се нижеа голови, разликата растеше, а нашата одбрана во вторите 30 минути прими само 7 гола, а постигнавме 11. На натпреварот реализиравме 3 од вкупно 4 досудени пенали, а противникот од вкупно 2 досудени реализираше еден. Победивме со 29-13.

Јована Трајкоска, Ангела Гроздановска, Јана Арсовска, Катерина Дамјановска, Ана Гозналес, Стефанија Горгиевска 4, Јана Донева 2, Мирјана Петковска 3, Симона Грујовска, Стефанија Софтовска 3, Ангела Костовиќ 1, Сара Миновска 3, Андреа Седлоска 7, Ана Марија Коларовска 2, Ива Јаковчевска 2, Марија Талеска 2.

сабота, 11 ноември 2017 - 17:34