Младиот тим на Вардар почнува ново клупско поглавје

Златната генерација на Вардар која постави високи стандарди кога се во прашање европските настапи и перформанси, сега ќе биде заменета со помалку искусни ракометарки, но сите од клупската школа што играа во помладите категории.

По шесте титули во домашното првенство на Македонија и петте настапи на Ф4 турнирот во лигата на шампионите, женската екипа на Вадар почнува ново клупско поглавје. Со нова и млада екипа влегува во новата сезона во првенството на Македонија со амбиција и желба во иднина повторно да се врати на ѕвездените европски патеки.

Златната генерација на Вардар која постави високи стандарди кога се во прашање европските настапи и перформанси, сега ќе биде заменета со помалку искусни ракометарки, но сите од клупската школа што играа во помладите категории.

Тимот е составен од ракометарки родени 2002 година и помлади, кои сега добиваат шанса да се натпреваруваат во сениорска конкуренција, да собираат искуство и да го покажат својот квалитет. Бидејќи сите девојки според возраста се младинки, истите истовремено ќе играат и во младинската лига на Македонија.

Со екипата ќе работат Симе Симовски и Драгана Пецевска. Лани Симовски неколку години го водеше тимот на Вардар јуниор со кој беше и вице првак на Македонија, а Драгана Пецевска Ристова лани ја водеше кадетската и младинска екипа на Вардар. Сега тимот на Вардар ќе биде составен од ракометарки од сопствената школа, и покрај тоа што ќе играат во сениорска конкуренција во Супер лигата истиот состав ќе настапува и во младинска конкуренција.

* Фото галерија од првиот собир

„ Имаме одлични услови за работа во СЦ „Јане Сандански". Тука ќе ги имаме базичните подготовки, и ќе работиме на тактичко-технички план. Планирано е да одиграме и повеќе
пријателски натпревари со екипи од домашното првенство. Сега екипата е млада, на хартија делуваме како аутсајдери, но со добар пристап и систем би требало следните сезонида имаме резултати. Потребно е и трпение секако да се стигне до резултатот. Во стручнот штаб ќе бидат и Марија Лојаница и Александар Царчев.

Во екипата ќе има 21 ракометарка, а единствено засилување е десниот бек Теодора Стаменковска од Велес. Со овој тим претходните сезони Драгана Пецевска Ристова во пионерска конкуренција беа прваци на Македонија, а лани беа втори во младинска конкуренција и втори во кадетска конкуренција.

„ Со оглед дека јас почнав на 16 година да играм во прв лига, сметам дека овие ракометарки не се млади. Досега работевме согласно нивната возраст во однос на физичка подготвеност. Во однос на ракометно знаење тоа го имаат и треба само да се надградуваат, индивдуално и физички. Имаме добар фонд на играчи но нема да биде никаквов проблем да се натпреваруваат во лигата, вели Пецевска Ристова.

среда, 8 август 2018 - 20:20