Младинките гостуваат кај Кузман Вардар за отворање на пролетниот дел

Младите ракометарки на Вардар пролетниот дел од сезоната го почнуваат на гостински терен кај тимот на Кузман Вардар. „Црвено-црните" се лидери на табелата, единствени без пораз по девет одиграни натпревари.

И покрај проблемите со повреди на дел од играчите и со не тренирање поради болест викендов вардарки се фаворитки против тимот на Кузман Вардар. Средбата се игра во недела во 10,45 во населба Илинден.

Вардар е лидер на табелата со 25 бода, еден повеќе од Металург и три повеќе од Куманово. Во младинската лига играат уште и екипите на Стружанка, Шампион, Чаир, Лихнид 2012, Кузман Вардар, гевгелија и Кичево 10.

четврток, 31 јануари 2019 - 17:01