
По повредата на Андреа Човиќ која најмалку два месеци ќе биде надвор од теренот, нов играч на тоа место ќе биде репрезентативката на Србија, Петровиќ која досега има настапувано за екипите на Књаз Милош и Ниш.
Со универзитетската репрезентација на Србија има освоено бронзен медал во Јужна Кореја, а играше и на последното ЕП во Шведска во декември 2016 година. Одигра 6 натпревари и постигна 2 гола.
Петровиќ е веќе на тренинзите на Вардар, а право на настап во лигата на шампионите ќе има во четврт-финалето.
среда, 1 март 2017 - 13:42