Македонија скокна за едно место на клупската ранг-листа

На најновата ранг-листа на Европската ракометна федерација (ЕХФ) во женска клупска конкуренција Македонија има напредок од едно место, и сега е на седмото место со 49,82 бода.

Тоа нема да донесе промени во однос на бројот на екипи што ќе играат во европските купови. Остануваме со вкупно четири екипи, по една во лигата на шампионите и Купот на ЕХФ, и плус две екипи во Купот Челинџ.

Новата листа ќе се применува за сезоната 2018/2019. Листата е направена врз база на постигнатите резултати на сите женски екипи од секоја земја во претходните три сезони. Вардар сезонава го освои сребрениот медал во лигата на шампионите, а претходните две сезони вардарки беа третопласирани на Ф4 турнирот.

* рангирање на женски екипи - placedistribution1819_final_women.pdf

четврток, 6 јули 2017 - 12:04