Маја Сокач е една од „Трите ѕвезди“ на колото во ЛШ

Најдобриот стрелец во победата на Вардар на гости кај Савехоф, Маја Сокач, си доби признание за својата одлична партија.

Нашата Маја беше прогласена за една од ракометарките кои го одбележале колото и на неа беше посветена дел од рубриката „Три ѕвезди“ на ЕХФ ТВ.

Сокач постигна седум гола, беше прв стрелец на мечот, а нејзината рака беше мирна како од линијата за седум метри така и од стресните контранапади. Покрај неа како најкорисни ракометарки на колото беа прогласени и Тине Станге од Ларвик и Нереа Пена од Ференцварош.

Видеото на ЕХФ ТВ со Маја Сокач погледнете го на овој линк.

понеделник, 29 февруари 2016 - 12:15