Лејно: Не е важно колку одбрани имам, најважно е да победиме

Вардар втора сезона по ред ќе игра во финалето на ЕХФ лигата на шампионите, и повторно против унгарски Ѓер. Во полуфиналето „црвено-црните" го победија Ростов со 25-19 за ново финале.

Амандин Лејно имаше 18 одбрани на натпреварот, од што 11 во првото полувреме.

„Ростов е одличен тим и ни создаде многу проблеми, но за среќа одигравме одличен меч и заслужено победивме. Не е важно колку одбрани сум имала, најважно е тимот да победува и да се најде во големото финале. Горда сум на оваа екипа, сега ни претстои уште еден чекор за остварување на заедничката желба што ја имаме со години наназад. Јас сакам титули, сега да ја освојам со Вардар, па догодина пак да славам со Ѓер, изјави Амандин Лејно.

Против во финалето е Ѓер, истиот тим со кој и лани игравме. Сега имаме шанса да им вратиме за ланскиот пораз во продолженијата.

„Среќна сум што ќе играме во финалето, иако малку жалам што игравме токму против Ростов во полуфиналето. Играме повторно со Ѓер за титула. Ако се прави споредба, во однос на лани, сега сме многу поискусни. Она што треба да го смениме е да одиграме посигурно во одбраната и да имаме повеќе голови од брзи контри, изјави Ирина Дибирова, тренерот на Вардар.

Утрешното финале се игра во 18 часот.

сабота, 12 мај 2018 - 20:57