Лејно ја има најдобрата одбрана на колото

Голманката на Вардар, Амандин Лејно се најде во изборот на најдобрите пет одбрани, а според ЕХФ нејзината одбрана е најдобра во 5 коло.

Вардар го демолираше ФТЦ на гостински терен со 37-24, и го запоседна врвот во Б групата. За нашиот тим ова беше четврта победа по ред, на петте натпревари сезонава, а имаме и низа од шест средби без пораз.
Одбраната на вардарки делуваше импресивно, нападот уште поубедлив. И она малку топки што ја минаа одбраната, завршија во рацете на Лејно. Французинката е во одлична форма, и заедно со Мајса Песоа на овој меч против ФТЦ им дадоа дополнитлна самодоверба на колешките во играта со своите одбрани.

* Топ 5 одбрани

* Топ 5 голови

 * Топ 3 ѕвезди на колото

 

 

понеделник, 14 ноември 2016 - 01:19