Лејно е една од „Трите ѕвезди“ со втора најубава одбрана ова коло во ЛШ

Нашиот јунак меѓу стативите, голманата Амандин Лејно, која беше предводник во победата над Будуќност (26-24) доби признание од ЕХФ како една од трите најкорисни ракометарки во ова 5. коло од главната фаза во Лигата на шампионите.

Лејно имаше 19 одбрани запирајќи го европскиот првак во последните 10 минути за прва победа на Вардар во дуелите со Будуќност. ЕХФ го забележа тоа и ја прогласи за една од „Трите ѕвезди“ ова коло, заедно со Тине Станге од Ларвик и Александра До Насименто од Баја Маре.

Лејно не изостана ниту во изборот за најатрактивни одбрани ова коло. Го доби второто место со интервенцијата по ударот на Драгана Цвијиќ, а прва беше Јана Краузе од Турингер.

Нова шанса за докажување на нашите ракометарки, воедно последна во групната фаза е гостувањето кај Савехоф, в петок.

ТРИ ЅВЕЗДИ
Амандин Лејно (Вардар)

Тинe Станге (Ларвик)

Александра До Насименто (Баја Маре)

понеделник, 22 февруари 2016 - 12:24