Кадетките убедливо до уште една победа

Уште еден триумф за кадетките на Вардар на натпреварот од кадетското првенство против Кале МК од Кичево. Избраничките на Анжела Платон победија со двоцифрена разлика 42 : 16 (17 : 7) зацврстувајќи ја својата позиција меѓу првите три екипи во групата.

Вардарки ја имаа иницијативата на теренот, но гостинките се обидоа да одржат чекор со нашите девојки. Резултатот навестуваше интересен натпревар, но откако Кале МК ни се приближи со еден гол негатива, 7 : 6, се разигравме. Вртоглаво стигнавме до двојна предност, односно 14 : 7, а потоа разликата само продолжи да расте. На пауза заминавме со водство од 17 : 7, а до крајот само ја зацврстивме двоцифрената предност за 42 : 16. Мила Пешиќ беше најдобар стрелец на овој натпревар со 7 гола.

Следното коло црвено – црните гостуваат во Прилеп кај Деспина.

ВАРДАР – КАЛЕ МК 42 : 16 (17 : 7)
ВАРДАР: Вероника Ѓорѓиевска, Зорица Андовска 3, Мила Крагељ 1, Јана Равојска 1, Ана Мирческа, Александра Коловска 4, Јована Трајановска, Леа Христоска, Борјана Коцева 5, Магдалена Тошевска 4, Ива Ангеловска 3, Наталија Максимовска 3, Андреа Миланова 4, Мила Пешиќ 7, Бојана Радевска 1, Бојана Коцева 6.

понеделник, 8 октомври 2018 - 11:09