Кадетките триумфално го завршија првиот дел од сезоната

Кадетките на Вардар со победа го завршија првиот дел од сезоната во кадетското првенство. На гостински терен црвено-црните триумфираа против екипата на Илинден Вардар со 38 : 13 (18 : 6).

По одиграни 8 кола од кадетското првенство и првиот дел од годинешната сезона од пионерското првенство, избраничките на Анжела Платон и Марија Папуџиева имаа доволно сила и мотивација и на овој натпревар да победат со двоцифрена разлика. Набрзо по почетокот на натпреварот вардарки беа во водство со предност од +5 гола, односно 6 : 1. Голгетерскиот ритам во истото темпо продолжи до крајот на првото полувреме, па нашите девојки на пауза заминаа со + 13 гола предност, односно со 18 : 6.
Платон ги остави девојките да го покажат најдоброто од себе, не искористи ниту еден тајм аут, давајќи им шанса речиси сите да се запишат на листата на стрелци. Најмногу голови на мечот, 8 постигна Александра Коловска.
Првиот дел од сезоната го завршуваме како третопласирани во 2 кадетска група.

Илинден Вардар – Вардар 13 : 38 (6 : 18)

ВАРДАР: Вероника Ѓорѓиевска, Зорица Андовска, Мила Крагељ 2, Јана Равојска 1, Ана Мирческа, Александра Коловска 8, Јована Трајановска, Леа Христоска, Борјана Коцева 5, Магдалена Тошевска 2, Ива Ангеловска 5, Наталија Максимовска 5, Андреа Миланова 2, Мила Пешиќ 2, Бојана Радевска 3, Бојана Коцева 2.

понеделник, 29 октомври 2018 - 09:31