Кадетките со победа се вратија од Прилеп

Кадетките на Вардар се приближуваат до врвот на табелата во втората група од првенството по победата против второпласираните Макалоски со 23 : 16 (8 : 9). Во петтото коло избраничките на Анжела Платон ги освоија потребните 3 бода, да се искачат во првата половина од табелата. Нашите девојки досега одиграа само три натпревари од вкупно 5, откако во две кола беа слободни.

Екипата на Вардар на кадетското првенство настапува со пионерскиот состав, кои во оваа постара категорија досега славеа победи на два натпревари.
На мечот во Прилеп во првите 30 минути игравме изедначено со домашниот тим. Резултатски се следевме и во финалните секунди од полувремето влеговме со реми 8 : 8. Домаќинот успеа на пауза да замине со гол предност, 9 : 8, откако успешно го реализираа пеналот во 30-тата минута.
Домаќините одржуваа предност сѐ до 13 : 13, по што следеше наша серија од 3 : 0 за 16 : 13. Предноста ни ја донесе и победата зашто прилепчанки до крајот на мечот не успеаја да не стигнат. Во нападот бевме попрецизни, а ја подобривме и одбраната за финален резултат од 23 : 16.
Најдобар стрелец на мечот беше Мила Пешиќ со 7 гола.
Следното коло вардарки се домаќини на екипата Кале Кичево.

МАКАЛОСКИ : ВАРДАР 16 : 23 (9 : 8)

ВАРДАР: Вероника Ѓорѓиевска, Зорица Андовска, Мила Крагељ 1, Јана Равојска, Ана Мирческа, Александра Коловска 2, Јована Трајановска, Леа Христоска, Борјана Коцева 4, Магдалена Тошевска, Ива Ангеловска 1, Наталија Максимовска 1, Андреа Миланова, Мила Пешиќ 7, Бојана Радевска 2, Бојана Коцева 5.

недела, 30 септември 2018 - 10:54