Кадетките се покажуваат како сериозен конкурент и против постарите екипи

Лесна победа за кадетките на Вардар против Лихнид со 35 : 23 (18 : 7). Мечот од 8.коло од државното првенство се играше во СЦ „Јане Сандански", а избраничките на Анжела Платон и Марија Папуџиева брзо покажаа дека оправдано се фаворити во дуелот со Охриѓанки.

Вртоглаво растеше предноста на црвено – црните во првите минути од натпреварот. Платон ги остави девојките да играат и да покажат дека имаат високи амбиции и во натпреварите од постарата генерација. Односно, нашиот тим во истиот состав се натпреварува во пионерската селекција, ама во првиот дел од сезоната се наметнаа како сериозен конкурент и во постарата, кадетска конкуренција. Откако гостинките ја намалија нашата предност на 8 : 5, имавме серија од погодоци кои ни донесоа разлика од +8 гола, односно, 13 : 5. На пауза заминавме со водство од 18 : 7.
Двоцифрената предност продолжи да расте во следните 30 минути. Најголемата разлика беше +16 гола за нас, односно, 26 : 10. Платон даде можност на девојките во составот на мечот да играат, а ракометарките меѓусебно си помогнаа речиси сите да се запишат на листата на стрелци. Победивме со 35 : 23, а најдобар стрелец на натпреварот беше Бојана Коцева со 8 гола.
Во завршницата на првиот дел од сезоната во кадетското првенство, вардарки влегуваат со можност да се позиционираат и на втората позиција во групата 2, но исходот следува по натпреварот од последното, 9. коло кој го играме на гости кај Илинден Вардар.

ВАРДАР – Лихнид 35 : 23 (18 : 7)

ВАРДАР: Вероника Ѓорѓиевска, Зорица Андовска, Мила Крагељ 2, Јана Равојска 1, Ана Мирческа, Александра Коловска 6, Јована Трајановска, Леа Христоска, Борјана Коцева 2, Магдалена Тошевска 1, Ива Ангеловска 4, Наталија Максимовска 2, Андреа Миланова 2, Мила Пешиќ 5, Бојана Радевска 2, Бојана Коцева 8.

недела, 21 октомври 2018 - 12:04