Кадетките на Вардар СЦЈС изненадени во Охрид

Во дербито на група 2 во женската кадетска лига, Вардар СЦЈС беше изненаден на гостувањето во Охрид кај Лихнид, и домаќинките триумфираа со 26-24. Сега двете екипи на едно коло до крај на регуларниот дел од сезоната имаат ист број бодови, но вардарки се со подобра меѓусебна гол разлика (победија 20-16 на првиот меч во Скопје).
Во последното коло Вардар СЦЈС се домаќин на Кичево 10.
На гостувањето во Охрид нашите кадетки имаа проблеми во првото полувреме да возвратат на добрата игра на домашните ракометарки, кои имаа водство и од четири гола. Но, во самата завршница на првиот дел заигравме одлично и со серија од 4-1 поведовме со 15-4 и со тој резултат се замина на одмор.
Во второто полувреме, Лихнид повторно добро започна и долго време се играше „гол за гол", а Вардар последен пат успеа да поведе при резултат 21-20. Тогаш домашните ракометарки направија серија за водство 23-21. Ние намаливме на 23-22, но тие имаа уште неколку добри напади и реализираа за водство 26-22. Последните напади беа во наша корист и само го ублаживме резултатот на 26-24.

Во група 1, кадетките на Вардар останаа во меѓу Топ-3 екипите откако на гостински терен го победија тимот на Велкова 5 со 25-19, што е наш шести триумф сезонава во кадетската лига.
Сѐ беше решено уште во првото полувреме кога ние поведовме со 14-6 најавувајќи го нашиот триумф. Потоа беше само рутина да се задржи водството.
Вардар во последното коло е домаќин на Куманово, во меч што директно решава за освојување на второто место.

Лихнид - Вардар СЦЈС 26-24 (14-15)
ВАРДАР СЦЈС: Бабуноска, Ивановска 1, Паланковска, Танчева 1, Нелоска 8, Величковска, Атанасова 2, Трпевска 2, Митровска, Стојчевска 1, Трајкова, Диневска 4, Сандева, Блажевска 3, Цветковска 1.

Велкова 5 - Вардар 19-25 (6-14)
ВАРДАР: Трајковска, Гроздановска, Арсовска, Гонзалес, Ѓорѓиевска 4, Јаковческа 1, Петковска 3, Дамјановска 3, Софтовска 3, Станчева, Цветановска, Костовиќ 5, Миновска, Седловска 4, Коларовска, Галевска 2.

 

понеделник, 20 март 2017 - 10:27