Кадетките на Вардар јуниор го победија Овче Поле - СУ

Одличен настап на кадетките на Вардар јуниор против екипата на Овче Поле-СУ, кој финишираше со 37-21 (20-11) за нас.

Прецизни во напад, усогласени во одбрана, избраничките на Драгана Пецевска на гостински терен во салата „Цар Самоил" во Свети Николе, уште еднаш покажаа дека и оваа сезона го сетирале курсот кон врвот од државното првенство. Натпреварот го отворивме со погодок во противничкиот гол и уште во првите минути го превземавме водството. Предноста од 3 гола за нас, за кратко стана + 6 гола. Односно резултатот беше 8-2, кога противникот успеа едно по друго да постигне два гола и да намали на + 4. Предноста од 4 до 5 гола се одржа неколку минути, но потоа започнавме серија погодоци за + 10, односно 19-9, а на пауза заминавме со 20-11.

Во второто полувреме неколкупати стигнавме до предност од 11 гола, но кон крајот на натпреварот повторно имавме убава серија погодоци, кои до крајот на мечот нѐ доведоа до водство од 16 гола.

Јована Трајкоска, Ангела Гроздановска 2, Јана Арсовска, Катерина Дамјановска 3, Ана Гонзалез 2, Стефанија Ѓорѓиевска 5, Мирјана Петковска 6, Симона Грујовска, Стефанија Софтовска 2, Магдалена Наскоска 3, Ивана Џатевска, Ангела Костовиќ, Сара Миновска 4, Андреа Седлоска 6, Ана Марија Коларовска 3, Марија Галевска 1.

вторник, 17 октомври 2017 - 23:04