Кадетките и младинките од Вардар на подготовки за репрезентацијата на Македонија

Осум младинки на Вардар и две ракометарки во кадетска конкуренција се повикани на завршните подготовки на репрезентацијата на Македонијa за настап на ЕП на кои ќе настапат нашите надежи на крајот од овој месец.

Селекторите во кадетска и младинска селекција Јулија Дамчевска и Борче Маркоски ги одредија 18-те ракометарки во двете конкуренции што ќе бидат на подготовките и потоа ќе играат на ЕП.
Во младинската селекција на Македонија меѓу 18-те ракометарки се најдоа: Слободанка Кицеска, Леонида Гичевска, Ива Божиновска, Ана Иванова, Сашка Филипоска, Анастасија Николовска, Ана Станиќеска и Ања Велкова. Кај кадетките повикани се Јована Мицевска и Ивона Трпевска.

Кадетките се подготвуваат за Б дивизијата на ЕХФ европското првенство за ракометарки до 17 години што ќе се одржи во Скопје од 31 јули до 6 август. Македонија се наоѓа во група со репрезентациите на Полска, Швајцарија, Грција и Фарски Острови. Првопласираната репрезентација ќе игра во финалето.

Младинките се подготвуваат за ЕП во Словенија, што треба да се игра од 27 јули до 6 август. Во групната фаза нашите младинки ќе играат во група со Норвешка, Хрватска и Русија.

* Список на повикани кадетки
* Список на повикани младинки - 

вторник, 4 јули 2017 - 10:09