И со пола тим лесно до победа над Пелистер

Иако игравме без неколку најдобри ракометарки, Вардар немаше проблеми да ги освои бодовите на дуелот со Пелистер во домашната женска лига, па и да триумфира со висока победа, 46-13 (25-7). Александра Лакрабер имаше двоцифрен број голови, 11.

Гостинките од Битола немаа илузии дека можат да им парираат на вардарки, па уште од самиот почеток дојде и двоцифрената предност, 13-3.
Сѐ беше само формалност зашто победникот беше решен.

Тренерот Ирина Дибирова реши да ги одмора најдобрите, Пенезиќ, Лекиќ, Цвијиќ, Лејно, Радичевиќ и Лазовиќ. Но, и оние што играа покажаа одлична форма, иако Пелистер и не е некое мерило со оглед на разликата во квалитетот на тимовите и играчите.

Крајниот резултат е всушност и највисоката предност што вардарки ја остварија на средбата.

* Записник од натпреварот - zrk_vardar_-_zrk_pelister_5_kolo.pdf

* Фото галерија од натпреварот

 

вторник, 17 октомври 2017 - 22:04