И без пола тим Вардар е пресилен за помладите сестри

Ждрепката сакаше уште во четврт-финалето на Купот од Македонија да се сретнат нашите две сениорски екипи. А во тој дуел „сениорките" и без пола тим се пресилни за Вардар СЦЈС, победувајќи со 38-18.

Вардар се пласираше на финалниот турнир од Купот што треба да се игра следниот месец, заедно со машкиот куп. Ова за Вардар беше и последна проверка пред Ф4 турнирот во регионалната ВРХЛ лига во вторник и среда.

Вардар играше без Радичевиќ, Пенезиќ, Лекиќ, Човиќ, Суслина и Лакрабер. тоа не беше пречка од самиот почеток поискусните вардарки да поведат со неколку голови, а таа предност пред самиот крај на полувремето поведе со 20-10, а на полувреме се замина со „плус 9" за Вардар.

За разлика од првиот дел кога Вардар СЦЈС барем донекаде се држеше, во вториот дел „постарите" заиграа уште подобро, и тоа резултираше со дополнителни „плус 10", па на крајот заврши со резултат 38-18.

* Фото-галерија од натпреварот

Вардар СЦЈС - Вардар 18-38 (11-20)

Вардар СЦЈС: Белмезова, Прленда, Стојановска 4, трпковска 1, Георгиевска, Митова, Бојаџиска 2, Тодоровска 1, Колевска 2, Петковска, Керамитчиева 3, Георгиевска 1, Мишевска, Гичевска 3, Велкова.

Вардар: Кликовац 1, Херем 3, Мавсар 6, Дамњановиќ 5, Лејно, Лазовиќ 5, Алтхаус, Илина 2, Хмирова 3, Петровиќ 5, Песоа 1, Ристовска.

четврток, 20 април 2017 - 18:59