
Нашите девојки нанижаа 6 гола пред домаќинките да успеат да постигнат еден. Одбраната на беше одлично поставена, а стрелците на високо ниво на задачата првото полувреме го завршија со предност од 9 : 4. Во текот на второто полувреме и двете екипи го удвоија и надминаа бројот на голови од првиот дел. За нас тоа значеше двоцифрена победа со 21 : 11.
ВАРДАР: Вероника Ѓорѓиевска, Сара Стојанова 1, Теодора Ангелова, Зорица Андоновска 1, Мила Крагељ 3, Јана Развојска 2, Сара Стефановска 1, Александра Коловска, Леа Христоска, Борјана Коцева 2, Магдалена Тошевска 3, Ива Ангеловска 1, Наталија Максимовска, Мила Пешиќ 3, Бојана Коцева 3.
четврток, 21 ноември 2019 - 11:36