Гостински триумф во Германија и обезбеден пласман во четврт-финалето на ЛШ

Вардар по триумфот во второто коло од Главната фаза во лигата на шампионите кај Битигхајм, 38-26 ја продолжи низата на победи сезонава, и е првиот тим што обезбеди пласман во четврт-финалето. „Црвено-црните" го задржаа првото место на табелата, со максимални 12 бода и остануваат да се одиграат уште четири коло од оваа фаза.

На нашите девојки им требаше едно полувреме за да го скршат отпорот на домаќинките кои во најголем дел од средбата играа „7 на 6" надевајќи се дека тоа е клучот за успех против Вардар. Но, европскиот вице-првак само во првиот дел од првото полувреме му дозволи на Битигхајм да има водство, 8-6. Потоа следуваше тајм аут на нашиот стручен штаб, па со серија од 0-4 го презедовме водството 8-10. И од тој момент до крај на средбата вардарки го диктираа темпото и одржуваа резултатска предност.

Битигхајм се обидуваше да има резултатски приклучок и тоа им успеваше до крајот н апрвото полувреме. И кога Вардар имаше водство од 10-15 и 11-16 домаќинките имаа сила да намалат на 14-16, резултат со кој се замина на полувреме.

Но, тоа беше сѐ што покажа Битигхајм. Нашите ракометарки во второто полувреме го зголемија притисокот и темпото, па после две минути игра ги примораа домаќините да бараат тајм аут. Вардар водеше со 19-14 и тоа беше само почеток на наша добра игра. Разликата полека се зголемуваше и во последните десет минути имавме и „плус 10".

Запишавме нов триумф, 28 по ред сезонава во сите натпреварувања, во ЛШ, регионалната ВРХЛ и домашното првенство.
Патот кон Будимпешта и Ф4 турнирот е веќе отворен и останува само да се задржи лидерското место.
Во следното коло во сабота во Скопје доаѓа Будуќност.

* Статистика од натпреварот - bitighajm_-_vardar.pdf

недела, 4 февруари 2018 - 19:37