Главната фаза ја завршивме со стил - Пенезиќ, Суслина и Лакрабер во TOП изборите на ЕХФ на колото

Очекувано ракометарките на Вардар ги завршија натпреварите од Главната фаза на лигата на шампионите како првопласирани. На последниот меч гостувавме во Подгорица и го победивме Будуќност со 30-25. Сезонава на сите меѓусебни дуели ние победивме и како први од групата влегуваме во четврт-финалето на ЛШ.

Најефикасна ракометарка на средбата против Будуќност беше Андреа Пенезиќ која постигна 10 гола. Таа е наш најефикасен играч во елитната лига и досега Пенезиќ постигна 75 гола во ЛШ.
ЕХФ ја вброи меѓу трите ѕвезди на колото во лигата на шампионите заедно со Мајса Песоа и Стине Бредал Офетедал од Ѓер.

Александра Лакрабер имаше еден од петте најубави голови постигнати во 6. коло од Главната фаза на ЛШ.

Ова се сите Топ-5 голови на колото.

Вардар ја има најдобрата одбрана сезонава во ЛШ, и две одлични голманки. Кога на едната не и оди, тука е другата. Овојпат меѓу петте најдобри одбрани беше Ина Суслина и нејзините две одбрани по ред.

Ова се Топ-5 одбрани на колото. 

понеделник, 12 март 2018 - 10:42