Генерација 2002: Половина репрезентација игра во Вардар

Од вкупно 32 повикани ракометарки за подготовки на репрезентацијата на Македонија родени 2002 и помлади половина се членови на Вардар. Тренерот на кадетската репрезентација Владимир Пановски ги собра ракометарките а дури 15 ракометарки сезонава настапуваа за Вардар.

„Црвено-црните" сезонава настапуваат со две екипи. Пионерките играат и во пионерска и во кадетска конкуренција, а сениорската екипа е составена од играчи што настапуваат во младинска и сениорска конкуренција.

Имаме и млади грачи кои се и неколку години помлади оd колешките, а играат со постара генерација, и успешно се натпреваруваат.

Нашите ракометарки ги освоија првите места во пионерска и во кадетска конкуренција каде имаа успешна сезона. Младинките беа второпласирани, а во сениорска конкуренција го освоија третото место. Сениорскиот тим составен од ракометарки кои се родени и 2002 година стигнаа до финалето на Купот на Македонија.

На списокот на селекторот се најдоа следните ракометарки.

 

вторник, 11 јуни 2019 - 15:42