Џатевска и Седлоска повикани во сениорска репрезентација за квалифкации за ЕП 2020

Две ракометарки на Вардар, Ивана Џатевска и Андреа Седлоска се повикани на подготовките на сениорската репрезентација на Македонија за претстојните квалификациски натпревари за пласман на ЕП 2020 година.

Селекторот Симе Симовски повика вкупно 19 ракометарки, од што седум од домашното првенство, а меѓу нив и две вардарки.

Македонија во квалиификациите за ЕП 2020 се наоѓа во група заедно со репрезентациите на Шведска, Чешла и Португалија. На 26 септември во првото коло гостуваме во Шведска, а потоа на 28 септември сме домаќини на Чешка.

среда, 18 септември 2019 - 17:55