Двоцифрена победа на вардарки на првиот меч во 2019

Вардар со двоцифрена победа го стартуваше пролетниот дел од сезоната во младинското првенство. На гостински терен кај Кузман Вардар, вардарки триумфираа со 39 : 15 (21 : 8).

Минатата, 2018 година ја завршивме како лидери во младинската конкуренција без порази во текот на натпреварите. Имавме само еден нерешен дуел наспротив осум победи. И уште со првиот натпревар годинава покажавме дека и вториот дел од сезоната го стартуваме со амбиции да се одржиме на врвот.

Разликата во квалитетот на ракометарките стана очигледен уште во првите минути од натпреварот, кога се наметнавме со водство од 7 : 0. Бевме силни и успешни во нападот, та разликата во резултатот вртоглаво растеше во наша полза. Во првите 30 минути одигравме одлично и на пауза заминавме со предност од 13 голови. Без малку колку што во текот на натпреварот постигна нашата Ивона Трпевска, која со своите 11 гола беше најдобар стрелец на натпреварот. Со оваа динамика продолжиме и во вториот дел од мечот. Големите паузи меѓу головите на домаќините, придонесоа неколкупати да се повтори водство од +20 голови, кое до крајот на мечот порасна до + 24 голови.

Следното коло играме на домашен терен во спортскиот центар „Јане Сандански" против Стружанка.

вторник, 5 февруари 2019 - 08:14