
Вардаровите најмлади ракометарки победнички го завршија првиот ден на турнирот Лавови хендбол челинџ што до 29 август се одржува во Белград, Србија.
Избраничките на Анжела Платон и Марија Папуџиева триумфираа во првите два натпревара од групната фаза, и тоа екипата на Железничар Инџија ја победија со 18 : 13, а екипата на Цепелин со 19 : 16.
Утре, вторник, од 10:40 часот вардарки ќе си ги одмерат силите со СУ Црвена Звезда, по што во 16:50 часот играат со Београд.
Во вторник попладнето и во среда, 29 август, според распоредот на натпреварите, се разигрува за пласман на турнирот.
Како дел од екипата на Спортската академија Скопје, што на турнирот се натпреварува во категоријата момчиња родени 2004 година, настапуваат и нашите пионери кои се школуваат во Академијата. Екипата што ја предводи нашиот тренер Зоран Петковски денес ја победи екипата на Раковица со 25 : 13, а утре играат против екипите на Јуниор и на Сутјеска.