Драгана Цвијиќ дел од Ол стар тимот на ЕХФ лигата на шампините

Пивотменот на Вардар, Драгана Цвијиќ е избрана за најдобар пивотмен на сезоната во лигата на шампионите во гласањето што траеше повеќе од еден месец. Во изборот се најдоа повеќе ракометарки на Вардар, но само Цвијиќ доби доволно гласови да биде дел од иделаниот тим на сезоната. Со тоа продолжи традицијата секоја сезона да има по некоја наша ракометарка меѓу најдобрите.

Само екипата на Ростов има две ракометарки меѓу најдобрите седум, а сите други доаѓаат од различни тимови.

НАЈДОБРИ ВО СЕЗОНАТА 2017/2018

ГОЛМАН: Кари Алвик Гримзбо (Норвешка) – Ѓер
ЛЕВО КРИЛО: Сираба Дембеле (Франција) – Ростов Дон
ЛЕВ БЕК: Кристина Неагу (Романија) – ЧСМ Букурешт
СРЕДЕН БЕК: Вероника Кристијансен (Норвешка) – Митјиланд
ДЕСЕН БЕК: Ана Грос (Словенија) – Мец
ДЕСНО КРИЛО: Јулија Манагарова (Русија) – Ростов Дон
ПИВОТ: Драгана Цвијиќ (Србија) – Вардар

ДЕФАНЗИВЕЦ: Сузана Томори (Унгарија) – Ѓер

МЛАД ИГРАЧ: Тјаша Станко (Словенија) – Крим

ТРЕНЕР: Амброш Мартин (Шпанија) – Ѓер

 

петок, 11 мај 2018 - 13:08