Довидување и ви благодариме за сѐ!

Сезонава во домашното првенство на Македонија за Вардар заврши со нова висока победа, од 54-24 против Вардар СЦЈС, а во новата сезона нашиот прв тим ќе има изменет состав.

Шест ракометарки од сегашниот тим си заминуваа со двојна круна и со сребрен медал од лигата на шампионите.
Ова беше последен натпревар за Мајса Песоа, Дијана Илина, Сања Дамњановиќ, Ања Алтхаус, Камила Херем и Тамара Мавсар.

Клубот им се заблагодари за досегашната соработка, а за сеќавање за нивниот престој во Вардар, покрај медалите добија и подароци.

Ви благодариме за сѐ!

* Фото галерија

понеделник, 22 мај 2017 - 17:07