Дибирова: Горда сум на ракометарките

Во петтиот обид да стигнат до европската титула ракометарките на Вардар се враќаат со второ сребро од Ф4 турнирот во лигата на шампионите. Вардар мораше да игра продолженија исто како и лани, и сега дури по дополнителните 2х5 минути ни избега златото. Ѓер триумфираше со 27-26 (20-20, 9-9)

„Се подготвувавме за овој натпревар цела сезона, но на крај не успеавме. Горда сум на ракометарките, се бореа и реализира се што беше договорено, но на крај не успеавме. Вечерва немавме среќа, на девојките им поскаувам среќа во иднина. Горда сум на девојките и благодарна што бев тренер на овој тим"– изјави Ирина Дибирова тренерот на Вардар на прес конференцијата.

За МВП на Ф4 турнирот беше прогласена голманката Амандин Лејно. Не можеше да ги сокрие солзите додека објаснуваше како го доживеала натпреварот.

„Многу ја сакавме победата, но видовте и самите дека беше навистина тежок натпревар. Се подготвуваме за титулата, сите го посакувавме тоа, но Ѓер е квалитетна екипа кој беше и посреќна па повторно стигна до трофејот. Нас ни е жал што во последната сезона овој состав на девојки не успеа да дојде до трофејот" – рече Амандин Лејно.

недела, 13 мај 2018 - 21:26