Десетти триумф сезонава за вардарки во женската лига

Продолжението на сезоната во женската лига ракометарките на Вардар го почнаа со триумф, 37-13 (22-8) против Спартак, што е десетта победа за „црвено-црните". И пред почетокот на средбата бевме фаворити, и лесно ја „решивме домашната задача".

Откако поведовме со 12-4 гостинките побараа тајм аут, но немаше промени во ритамот. Ние ја полневме мрежата и на полувреме имавме предност од 22-8. Андреа Седлоска со 6 гола беше најпрецизна во овој дел од средбата, а четири постигна Ивона Трпевска.

Второто полувреме беше само рутина, и постигнавме 15 гола,а примивме само 5 покажувајќи ја разликата во квалитетот.

Во следното коло гостуваме кај Деспина во Прилеп.

Вардар- Спартак 37-13 (22-8)
ВАРДАР: Трајковска, Гоцевска, Божиновска 2, Грујовска, Џатевска 1, Паковска, Трпевска 5, Гроздановска 1, Костовиќ, Диневска 6, Миновска 5, Седлоска 6, Коларовска 2, Јаковчевска 2, Галевска 6, Николиќ 1.

 

недела, 1 март 2020 - 21:47