Дембеле е избрана во тимот на сезоната во Лигата на шампионите

Големо признание за Вардар стигна денеска од Будимпешта, нашата Сираба Дембеле е прогласена за една од ракометарките во идеалниот тим на сезоната во Лигата на шампионите.

Сосема заслужено Дембеле е најдоброто лево крило за оваа сезона, а тоа го оправда со одличните настапи во дресот на Вардар и со 42 постигнати гола досега.

Покрај Дембеле има уште три ракометарки на Ларвик, две на Ѓер, кого го победивме и Кристина Неагу од Будуќност. За најдобар дефанзивец е прогласена Дорина Коршош од Ѓер, Костика Букеши од Баја Маре е најдобра млада ракометарка, а Амброш Мартин од Ѓер е најдобриот тренер за оваа сезона.

Овие признанија се доделени според гласовите на фановите на Фејсбук.

 

ИДЕАЛЕН ТИМ

Голман - Сандра Тофт (Ларвик)

Лево крило – Сираба Дембеле (Вардар)

Лев бек – Кристина Неагу (Будуќност)

Среден бек – Анико Ковачич (Ѓер)

Десен бек – Нора Мерк (Ларвик)

Десно Крило – Кристин Ригелхут-Корен (Ларвик)

Пивот – Хајди Локе (Ѓер)

петок, 8 мај 2015 - 15:08