Човиќ првпат избрана меѓу ѕвездите на колото во ЛШ

Вардар се пласираше на Ф4 турнирот во лигата на шампионите, а пивотменот Андреа Човиќ беше избрана од страна на ЕХФ како една од ѕвездите на реванш натпреварите од четврт-финалето.

На средбата со Митјиланд, Вардар по вторпат во четврт-финалето победи, овојпат со 26-24, а нашиот пивотмен имаше одлично второ полувреме постигнувајќи шест гола, и тоа во второто полувреме кога Вардар конечно резултатски се одлепи. Хрватската интернационалка имаше одлична соработка со бековите, секогаш беше на вистинското место, а подеднакво добра беше и во одбрана. Сепак постигнатите голови беа оние што ја исфрлија во преден план на средбата

Во секое коло ЕХФ избира по три ѕвезди, а покрај Андреа Човиќ во реванш четврт-финалните средби, меѓу најдобрите се најдоа уште и Кристина Неагу од Будуќност и Едуарда Аморим Талеска од Ѓер.

Видео исечокот околу изборот на трите ѕвезди можете да го погледнете тука.

понеделник, 17 април 2017 - 14:20