Бидете дел од шампионското семејство на Вардар

Ракометниот клуб „Вардар" ги повикува сите правни субјекти во Република Македонија да бидат дел од шампионското семејство.

Демонстрирајте ги вредностите на Вашата компанија, не само на пазарот во Македонија, туку и во Европа – БЕСПЛАТНО! Рекламирајте се во „Вардар", изградете имиџ на победнички бренд и разликувајте се од конкуренцијата. Промовирајќи ја Вашата компанија бесплатно во „Вардар", го поттикнувате развојот на темелните вредности во нашето општество, идентификувајќи се со Европскиот клубски шампион.

Целта на оваа кампања е меѓусебна соработка и поддршка помеѓу компаниите и клубот.

Аплицирајте на 078 316 284 и на jelena@balkangroup.mk

вторник, 4 јули 2017 - 17:01