Андреа Пенезиќ е најдобра ракометарка во Хрватска

Нашиот лев бек Андреа Пенезиќ е избрана на најдобра ракометарка на Хрватска за 2017 година, а ова е нејзина осма ваква титула.

Таа убедливо го освои првото место во изборот на ХРС и весникот Спортске Новости. Пенезиќ доби 75 бода од жирито, пред Стела Посавец која собра 41 бод.

Играчот на Вардар во 2017 година беше беше најдобрите стрелци во ЛШ, стигна до финалето на ЛШ, ја освои регионалната ВРХЛ лига и плус ја освои и двојната круна во Македонија.

сабота, 6 јануари 2018 - 18:21