Андреа Пенезиќ доби место во Топ-5 гола на колото

По надмоќната победа на Вардар против Савехоф, стигна уште едно, бонус признание за Андреа Пенезиќ, која доби место во Топ-5 гола ова коло во ЕХФ Лигата на шампионите.

Нашата ракометарка го постигна петтиот најубав гол викендов во Лигата на шампионите, според магазинот на ЕХФ ТВ. Таа имаше вкупно шест гола на мечот со Савехоф и заедно со Андреа Лекиќ беа најдобри стрелци во нашиот тим. Прво место во оваа рубрика е Нора Морк од Ларвик.

 

Top 5 Goals | Main Round 3 | Women's EHF Champions League

Larvik Håndballklubb's Nora Mork shows off another part of her dazzling selection of shots as she fires her way to the top of last weekend's most impressive goals. Was her goal your no.1?

Posted by EHF Champions League on Monday, February 8, 2016

 

Најубава одбрана на колото има голманката на Савехоф, токму од натпреварот против Вардар, а во трите ѕвезди на колото се избрани поранешната вардарка, Алисон Пино, Нора Морк и Кари Гримзбо.

понеделник, 8 февруари 2016 - 11:03