Во недела во СЦ „Јане Сандански“ нови возбудувања од Вардар јуниор лигата

Додека сениорските екипи на Вардар кои се на заслужен одмор и се подготвуваат за настап на ЕП, и за она што следува во пролетниот дел од сезоната, ракометната треска продолжува во СЦ „Јане Сандански". Ракометни школи што се дел од Ракометната академија на Вардар и се натпреваруваат во Вардар јуниор лигата викендов играат натпревари од првиот дел од сезоната.

Во СЦ „Јане Сандански" в недела, 22 декември во 9 часот ги очекуваме натпреварувачите, но и сите навивачи и роднини да дојдат на трибините. Затоа што за нас нема зима - играме ракомет во било кој дел од годината.

Програмата почнува во 9 часот наутро и ќе трае до 15,40 часот. Ќе се натпреваруваат машки и женски екипи од генерациите 2006/2007, потоа генерацијата 2008/2009 и се разбира во мини ракомет, најмалите родени 2010 и помлади.

И додека на теренот се води борба за секој гол и победа, судиската правда ќе ја делат нашите тренери од сениорските екипи. Тие покрај што ќе треба да ги решаваат спорните ситуации и да носат одлуки ќе бидат и скаути за нашите помлади екипи. Секој талент сигурно ќе најде место во нотесите на тренерите. А потоа, кој знае можеби ќе заиграат и во некоја од младите екипи.

Распоред на натпреварување
Недела, 22 декември 2019

Машки
Генерација 2006/2007
9 ч. Ангели Вардар - Балтепе Вардар
12,45 Урдаревски Вардар - Балтепе Вардар

Генерација 2008/2009
9,45 Бисинов 2 Вардар - Будимир Вардар
12 ч. Бисинов 1 Вардар - Карпош/Урдаревски Вардар

Генерација 2010 и помлади
13,30 Бисинов Вардар - Карпош Вардар
13,50 Бисинов - Општина Кисела Вода Вардар

Женски
Генерација 2006/2007
10,30 Кале Вардар - Будимир Вардар
11,15 Драчево Вардар - Делчево Вардар
14,15 Будимир Вардар - Делчево Вардар
15 Драчево Вардар - Кале Вардар

петок, 20 декември 2019 - 11:40