Во недела ќе ги дознаеме шампионите во женска конкуренција во Јуниор лигата

Во СЦ Кале в недела, на 6 мај, се играат Ф4 турнирите на Вардар Јуниор лигата во женска категорија. Со церемонијата за доделување на наградите и официјално ќе заврши сезоната 2017/2018 за девојките кои се натпреваруваа во категориите 2004/05 и 2006/07.

Еден ден претходно, на 5 мај, Академијата ќе ги додели и медалите за учество во Вардар Јуниор лигата и на најмладите ракометари, дечињата родени 2008 година и помлади.

* Распоред за фајнал 4 турнирот: saatnica_skopje_5_i_6_-_05.2018.pdf

По последното одиграно коло од Вардар Јуниор лигата, Кале Вардар го потврди лидерското место во групата, со победа против Делчево Вардар со 20 – 9. Овие две екипи ќе се сретнат и на натпреварот за шампионската титула во оваа категорија. Трето пласираната Општина Кисела Вода Вардар на последниот натпревар ремизираше со четврто пласираната екипа на Ново Лисиче Вардар. Овие две екипи ќе се сретнат на натпреварот за трето место.

* Билтен од 9 коло: 9_kolo_zenski_2006-07.docx

Со последното 9 коло девојките од категоријата 2004/05 ги доиграа и одложените натпревари од претходните кола, по што на лидерската позиција се зацврсти екипата на Кале Вардар. Победи славеа и екипите на Општина Кисела Вода Вардар, Асови Вардар, Кале Вардар, Ново Лисиче Вардар, како и на мечевите од претходните кола – Ново Лисиче Вардар, Делчево Вардар и Кале Вардар. Екипата на Вардар Виница беше слободна во оваа коло.
Во полуфиналните натпревари ќе разигруваат Кале Вардар со Општина Кисела Вода Вардар и Делчево вардар со Вардар Виница.

Билтен од 9 коло: 9_kolo_zenski_2004-05.docx

петок, 4 мај 2018 - 15:50