Викендов со СЦ „Јане Сандански“ се игра шестото коло од Јуниор лигата

Во СЦ „Јане Сандански" на 9 и 10 март, сабота и недела, се игра шестото коло од Вардар Јуниор лигата во организација на Ракометната академија Вардар. Натпреварите в сабота стартуваат во 9.20 часот, а в недела во 9.30 часот. Најмладите членови на лигата натпреварите во мини ракомет ги играат во сабота со почеток од 10 часот.
На распоредот повторно се натпревари во машка и женска категоријата со тимови од Прилеп, Делчево, Скопје, Велес, Куманово, Кичево и Охрид. Момчињата играат во категориите 2004/05, 2006/07 и 2008/09. Додека девојките се во категорија 2006/07.

Распоред на натпреварите од 6. коло: saatnica_0910.03.2019.pdf

петок, 8 март 2019 - 10:14