
Им посакуваме добри натпревари на Карпош Вардар, Ангели Вардар, Урдаревски Вардар и Филип Вардар кои разигруваат за финале во сабота од 9 часот. Во паузата за одмор на натпреварувачите, на теренот ќе ги видиме женските екипи на Ново Лисиче Вардар и Будимир Вардар, како и најмладите учесници во лигата, децата родени 2010 година и помали кои се натпреваруваат во мини ракомет.
Натпреварот за трето место, според распоредот се игра од 12.40 часот, додека финалето меѓу двете најдобри екипи е закажано за во 13.40 часот. Потоа следи церемонија за доделување на награди.
Дружбата со најдобрите момчиња во генерациите 2006/07 е закажана за в недела. Ф4 турнирот за Бисинов Вардар, Ангели Вардар, Будимир Вардар, Урдаревски Вардар почнува во 9 часот. За време на нивниот одмор, продолжуваме со натпревари меѓу момчињата во генерацијата 2008/09, и тоа екипите на Ангели Вардар, Бисинов, Вардар, Партение Зографски Вардар и Кисела Вода Вардар.
Во 12.30 часот следи натпреварот за трето место, по што повторно следи пауза со мечот меѓу Бисинов Вардар и Шампион Вардар од генерацијата 2008/09.
Финалето за најдобрите од 2006/07 е закажано за 14 часот, а по натпреварот следи церемонијата за доделување на наградите.
Распоред за натпреварите и за Ф4 турнирите: saatnica_11_12.05.2019.pdf