Вардар Јуниор лигата повторно игра во Кичево и во Прилеп

Вардар Јуниор лигата викендов се враќа во салите во Кичево и во Прилеп, а дел од нашите млади ракометари остануваат да играат и во Скопје.

Во текот на зимските месеци, поради ниските температури, натпреварите се играа во салите во Скопје, но од овој викенд, во сабота, 18. март, ќе може да навивате за екипи од различни возрасти во Кичево и во Прилеп. Во трите сали низ Македонија ќе ги видиме сите учесници во лигата во машка и женска категорија од 2000/01, 2002/03, 2004/05 годиште како и најмалите кои играат мини ракомет, генерацијата 2006/09.

Во Скопје се игра во големата сала во СЦ „Јане Сандански". Натпреварите во сабота, 18. март годинава, стартуваат во 12 часот, додека во недела, 19. март годинава, во 9 часот.

Распоред на натпревари во Скопје: saatnica_skopje_1819.03.2017.pdf

Во Кичево во сабота, 18. март, во салата на спортскиот центар „Христо Узунов" мечовите почнуваат во 11 часот, а од 15.10 часот стартуваат натпреварите во мини ракомет.
Во Прилеп се игра во сабота, и тоа во салата на ОУ „Добре Јовановски" натпреварите почнуваат во 13 часот.

Распоред на натпревари во Кичево и во Прилеп: saatnica_kichevo_i_prilep_18.03.2017.pdf

петок, 17 март 2017 - 10:59